Вардар и со играч помалку води на полувреме на дербито со Воска 

По првите 45 минути на дербито во Втората фудбалска лига меѓу Воска Спорт и Вардар, Црвено-црните водат со 0:1 иако играат со фудбалер помалку.

Голот го постигна Јорго Папули во 42-та минута, откако најдобро се снајде во петерецот на домаќинот по нафрлената топка.

Вардарци од 32-та минута се со играч помалку поради исклучувањето на Ненад Мишковски, кој како последен играч во одбраната собори противнички фудбалер и го оневозможи сам да избие пред голот на Црвено-црните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести