АЕК го доби големото градско дерби против Олимпијакос откако победи на гостински терен со 3:1. Со оваа победа АЕК ја задржа челната позиција на табелата и има 72 бода, колку што има и второпласираниот Панатинаикос, додека Олимпијакос остана на 63 бодс и веќе ги загуби шансите да се бори за трофејот.
Дуелот на култниот стадион „Караискакис“ на крајот заврши со навивачки нереди откако домашните фанови беа незадоволни од конечниот резултат. Италијанскиот судија Давиде Маса ја доби одговорноста да ја дели правдата на дуелот на кој АЕК поведе со 1:0, а потоа Олимпијакос израмни на 1:1. Во 82-рата минута беше досуден пенал за АЕК, по кој гостите поведоа со 2:1, а во 90+1 минута дуелот беше решен по голот на Манталос.
https://twitter.com/i/status/1650252004696924161
Тоа беше последната капка која ја „прели чашата“ кај домашните навивачи, кои започнаа неконтролирано да дивеат. Судијата Маса ја сфати сериозноста на ситуацијата и досуди крај малку порано од предвиденото, а потоа со трчање избега во соблекувалната.
Навивачите на Олимпијакос веднаш втрчаа на теренот и почнаа да дивеат, па мораше да реагира многубројната полиција.
https://twitter.com/i/status/1650248452733825025
Домашните фанови сметаат дека нивниот тим е оштетен и дека судијата требало да досуди пенал и за Олимпијакос.