Екипата на Локомотива Загреб го продаде офанзивниот играч Ибрахим Алијуа во американскиот МЛС-тим Хјустон Динамо, и тоа за сума од 2,1 милиони евра. Нигерискиот интернационалец во Локомотива пристигна пред три години од локалниот Футворк, и тоа за сума само од 50.000 евра.
Алијуа во дресот на Локомотива одигра 84 натпревари, во кои постигна 17 гола, а имаше и седум асистенции. Оваа сезона во 26 натпревари постигна седум гола покажувајќи дека е во добра форма.
На последните неколку средби, Алијуа беше прекомандуван од крилната позиција во нападот, а тоа резултираше со негови четири гола и една асистенција во последните седум дуели.
Токму поради овие настапи, Алијуа се најде во фокусот на неколку екипи, па се споменуваше негов трансфер во Троа, Фрајбург Колумбус или Минесота, но на крајот негов нов тим беше Хјустон Динамо. По осум кола во МЛС, Хјустон има четири победи, едно реми и три порази, што е доволно за 11-тото место на табелата во лигата во која има 29 клуба.