Фудбалерите на Лориен приредија огромно изненадување во 33-то коло од Лига 1, победувајќи го големиот фаворит ПСЖ со 3:1 и тоа на „Паркот на принцевите“.
И покрај поразот, ПСЖ е лидер на табелата со 75 бода, осум повеќе од Олимпик Марсеј кој има и натпревар помалку, додека додека Лориен е десетти со 48 освоени бодови.
Изненадувањето го најави Енцо Ле Фе во 15-та минута, а нов шок за навивачите на Светците дојде пет минути подоцна кога Ашраф Хакими доби втор жолт картон и беше исклучен.
https://twitter.com/i/status/1652699945932140548
Килијан Мбапе успеа да постигне гол во 29-та минута искористувајќи ја глупоста на гоолманот на Лориен, но до крајот на првиот дел гостите повторно поведоа благодарение на голот на Јонгва.
Во вториот дел, играчите на Лориен успеаја да се одбранат од налетите на Светците и во последните моменти од мечот преку Диенг да постигнат уште еден гол.
GOAL | PSG 1-3 Lorient | Diengpic.twitter.com/mdAgNJGyuB
— VAR Tático (@vartatico) April 30, 2023