Фалангата на 10-ти мај ќе почне да крои конкретен план за присуство на ракометното ЕП во јануари

Машката ракометна репрезентација на Македонија, обезбеди учество на Европското првенство во Германија кое ќе се игра од 10-ти до 28-ми јануари следната година, а навивачите веќе за девет дена ќе може да почнат да кројат план како да патуваат до градот во кој ќе игра нашиот национален тим.

ЕХФ објави дека ждрепката за составот на групите ќе се изврши на 10-ти мај попладне во Дизелдорф, градот во кој ќе се игра првиот меч, и тоа на стадион, кога се очекува да има над 50.000 гледачи, што би било светски рекорд за ракометен меч.

Групната фаза ќе се игра во Манхајм, Берлин и Минхен, а на 10-ти мај ќе знаеме точно каде ќе играме и кои ќе ни бидат противници.

Македонија при ждрепката ќе биде во третиот шешир, таму се и Чешка, Полска, Србија, Хрватска, и БиХ, што значи дека нема да играме против нив.

- Оглас -

Најнови вести