Како што наближува крајот на сезоната во европските лиги, така се зголемува бројот на екипи кои си го обезбедија учеството во Лигата на шампионите следната сезона, и досега се познати осум сигурни учесници од вкупно 32 колку што треба да настапат.
Тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Наполи, како шампион на Италија веќе си го обезбеди местото во елитното натпреварување, а според пласманот на табелата, се поизвесно е дека место во ЛШ ќе има и Лацио и Јувентус, додека за четвртата позиција на табелата која исто така носи во ЛШ, се борат Интер, Милан, Рома и Аталанта.
Англија дава четири претставници, а засега сигурни се само два, Манчестер сити и Арсенал кои до последното коло ќе се борат за шампионската титула. Во пол-позиција на останатите две места кои носат во ЛШ се Њукасл и Манчестер јунајтед, но нивните порази во последното коло, ја продолжија надежта на Ливерпул и Брајтон да успеат да ги стигнат на табелата.
Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се сигурни учесници од Германија, додека за останатите две места се борат Лајпциг, Унион Берлин и Фрајбург.
Барселона уште сега го визира учеството во ЛШ, математички се очекува истото да го сторат и Реал Мадрид и Атлетико Мадрид и тоа во следното коло, а четвртиот учесник би требало да биде Реал Сосиедад кој има седум бода предност пред Виљареал.
Сигурен настап во ЛШ има и шкотскиот шампион Селтик, како и шампионот на Србија, Црвена ѕвезда.