Поранешниот менаџер на Јаја Туре, русинот Дмитри Селјук, во 2016 година изјави дека африканските шамани фрлиле клетва на Пеп Гвардиола никогаш да не освои титула во Лигата на шампионите бидејќи лошо се однесувал кон неговиот клиент и не го задржал во Манчестер сити.
Сега Селјук вели дека клетвата е тргната и Гвардиола ќе ја освои европската титула и цела Африка се моли за тоа.
„Сакам да се извиним за сето ова. Мислам дека е време ова да се заврши и знам дека Јаја Туре му посакува само успех на Сити. Можам да кажам дека шаманите ја тргнаа клетвата и Сити со Гвардиола може да ја освои Лигата на шампионите“, изјави Селјук и продолжи:
„Имаат добри шанси да освојат годинава. Сепак, што и да се случи, сигурно ќе ја освојат во наредните три години.“
Свој коментар на сето ова имаше и самиот Јаја Туре.
„Медиумите го цитираат мојот поранешен агент во врска со некакво проклетство. Ве молам да не ме поврзувате со овие бесмислени стереотипи за африканските клетви. Овој човек на ниту еден начин не ме претставува мене. Ширењето на овие стереотипи е штетно“, се вели во објавата на социјалните мрежи на Јаја Туре.
https://twitter.com/YayaToure/status/1655568560448471045?s=20