Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, вечерва во полуфиналето на Лигата на Европа против Баер Леверкузен ќе треба тактички да се надмудрува со неговиот некогашен ученик Чаби Алонсо, на кој три години му беше тренер во Реал Мадрид.
Искуството е на страна на Португалецот, но и Шпанецот добро се снаоѓа како тренер.
„Чаби беше многу подобар фудбалер отколку што бев јас. Неговото познавање на фудбалот е многу големо. Играше во силни лиги, го тренирале Пеп, Анчелоти, Бенитес, јас. Кога сето тоа ќе се спои, Чаби има предуслови да стане добар тренер“, изјави Мурињо во една прилика во 2019 година, кој тогаш можеби и не веруваше дека ќе има дуел против Чаби во полуфинале на европско клупско натпреварување.