Ресенскиот Мурињо: Вардар заслужено го освои Купот

Ракометарите на Вардар триумфираа во Купот на Македонија откако во финалето со 26:25 го совлада најголемиот ривал Еурофарм Пелистер, а тренерот на Црвено-црните,Владо Недановски, изјави дека заслужено триумфираа. Недановски откри дека од битолските навивачи го добил прекарот ресенскиот Жозе Мурињо.

„Во Битола беше поголем притисокот затоа што игравме пред полна сала, но, секогаш е тешко за Вардар да игра таму. На овој меч игравме добро и во одбраната и во нападот. Важна за победата на Вардар беше желбата и екипата не смееше да остане без уште еден трофеј. Среќни сме за победата. За крај можам да кажам јавно,битолските навивачи ме нарекоа „ресенскиот Жозе Мурињо“ и им благодарам.

Победата на вардарци им ја честита и тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, кој рече дека Црвено-црните заслужено триумфирале.

„Вардар заслужено победи во ова финале и стигна до трофејот и можам само да им честитам. Водеа од првата па до последната минута, а ние цел натпревар бркавме негатива и не бевме на нивото на кое требаше да играме. Одигравме лошо во одбрана, немавме агресивност, додека Вардар во нивната одбрана беше доста агресивен и заслужено не надигра. Имаме уште два меча до крај, мора да победиме на двата до крај ако сакаме да сме шампиони“, изјави Јовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести