Готово е, Покетино ќе биде новиот тренер на Сините

Англискиот премиерлигаш Челси и Маурицио Покетино постигнаа договор според кој Аргентинецот ќе ги предводи Сините од следната сезона, објави Скај спорт.

Договорот се очекува да биде потпишан во текот на наредната недела, а Покетино ќе ја презеде екипата по завршување на сезоната. Екипата до крајот на сезоната че ја води Франк Лампард кој дојде како привремено решение по отказот на Греем Потер.

Аргентинецот во наредните денови, пред официјално да стави потпис на договорот, треба да одржи уште еден разговор со сопственикот на екипата, американскиот милијардер Тод Боли, околу летниот преоден рок и кои играчи би се нашле на трансфер-листата.

Според англиските медиуми, тој ќе има големо влијание врз трансфер политиката, односно, ќе се продаваат или купуваат играчи само доколку тој даде зелено светло.

- Оглас -

Најнови вести