Манчестер сити е на добар пат да го победи Евертон, води со 3-0 и во последните три кола во Премиер лигата да влезе со предност од четири бода во однос на конкурентот за титулата, Арсенал.
Два гола даде Илкај Гундоган, а еден Ерлинг Халанд. Турскиот Германец постигна феноменален гол за 1-0, а две минути подоцна Халанд со 36-тиот гол сезонава во првенството ги дуплираше маките на Карамелите. Потоа Гундоган погоди уште еднаш и Граѓаните веќе може да почнат да мислат на дуелот со Реал Мадрид в среда.
Евертон никогаш порано немал десет порази на свој терен во една сезона, а денеска речиси сигурно ќе загуби, и ќе има рекордни 10 порази на „Гудисон парк“, па во последните три кола тимот ќе води голема битка за опстанок.
Stop that Gundogan. pic.twitter.com/y0oGePnx0k
— Stop That Football (@stopthatfooty) May 14, 2023