Поранешниот бразилски фудбалер Ривалдо изјави дека би било добро доколку Кристијано Роналдо ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид.
Португалецот на почетокот од годината со саудискиот Ал-Наср го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалерот, за две и пол години ќе инкасира 500 милиони евра. Но, Ривалдо вели дека Роналдо не е среќен во Саудиска Арабија.
„Играчите понекогаш ќе се измамат поради големите договори кои ги потпишуваат во Саудиска Арабија. Но, таму животот е затворен, а фудбалот не е лесен како што сите мислат. Фудбалерот може да помине низ период на разочарување или да размислува да го промени клубот доколку парите што ги заработува не го прават среќен. За него и за фудбалот, добро би било да се врати во Реал и таму да ја заврши кариерата“, вели Бразилецот.
Кристијано Роналдо досега во дресот на Ал-Наср одигра 16 натпревари, на кои постигна 12 гола, но не успеа да ја освои титулата во шампионатот на Саудиска Арабија.