ФК Вардар пред баражот со Скопје, добива финансиска инјекција 1 милион денари од Општина Кисела Вода

Претставникот на навивачката група Комити, Милорад Миленковски-Мики, обелодени дека Општина Кисела Вода најдоцна до утре, пред баражот на Вардар со Скопје, на фудбалерите на Вардар ќе им префрли 1.000.000 денари, што претставува дополнителен голем мотив за Црвено-црните пред мечот за влез во Првата лига.

Комитите најавуваат дека и други општини ќе го помогнат клубот, но ова е првиот конкретен чекор.

Во тек е и акција на апликацијата Gofundme, каде што досега се собрани над 5.000 евра и сите фанови може да донираат колку што можат.

- Оглас -

Најнови вести