Моќна порака од ѕвездата на Барселона како поддршка за Винисиус јуниор

Бразилецот Рафиња јасно покажа дека е рамо до рамо со соиграчот од репрезентатицата на Бразил, Винисиус Јуниор кој беше цел на расистички навреди на последниот дуел на Реал Мадрид. Навивачите на Валенсија беа тие кои упатија стотици навреди на расна основа за Винисиус, поради што клубот од „Местаља“ доби драстична казна, а на Бразилецот му беше поништен црвениот картон што го доби.

„Се додека бојата на кожата е поважна од сјајот во вашите очи, ќе има војни“, пишуваше на предниот дел од маицата што ја носеше Рафиња, додека на задниот дел стоеше пораката „Заедно сме Винисиус“.

Да биде симболиката поголема, Рафиња тоа го направи на стадионот на Реал Сосиедад, каде Винисиус сезонава исто така беше мета на расистички навреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести