Асенсио преговара со Пари Сен Жермен

Откако вчера не се договори со Реал Мадрид за продолжување на договорот, а и нема да игра вечерва на гостувањето кај Севилја, јасно е дека иднината на Марко Асенсио е далеку од Кралскиот клуб.

Асенсио на крајот на јуни станува слободен играч и кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен, најавуваат многу медиуми.

Во ПСЖ ги сакаат Шпанците, во тимот веќе ги имаат Серхио Рамос, Фабијан Руиз, Хуан Бернат, Серхио Рико и Карлос Солер, а 27-годишниот Асенсио само би ја зголемил шпанската колонија.

Асенсио имаше добра сезона, со 12 гола и шест асистенции, но не е задоволен од улогата на резерва во Реал, а ни од понудената плата. Простувањето од Реал ќе го има на 4-ти јуни на мечот со Атлетик Билбао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести