МЗТ Скопје Аеродром е подготвен во Битола да ја крене јубилејната 10 титула, Пелистер сега има најголеми шанси барем еднаш да победи

МЗТ Скопје Аеродром води со 2:0 во победи против Пелистер и денеска од 18:30 часот ќе гостува во Битола, каде ја има првата шампионска шанса за да стигне до нов пехар во македонското првенство. Аеродромци се актуелни прваци, а сега се на чекор од освојување на јубилејната 10 титула во домашниот шампионат.

Во последните 10 меѓусебни дуели, МЗТ има девет победи од кои три пати тоа било на теренот во Битола. Пелистер само еднаш се радувал во овој период и тоа во Битола, во дуел кој имал продолжение.

Според квотите во Sport Life, аеродромци повторно се фаворити за победа, но Пелистер игра на свој терен, пред своите навивачи и сигурно дека битолчани ќе се обидат да се израдуваат барем еднаш и да не го загубат финалето со „метла“.

- Оглас -

Најнови вести