Нов играч пристигнува во Париз: Уругваецот наместо во Челзи, ќе потпише за ПСЖ

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо тврди дека ПСЖ го договорил и второто летно засилување. Се работи за уругвајскиот репрезентативец Мануел Угарте, кој за 60 милиони евра од Спортинг Лисабон ќе се пресели во Градот на Светлината.

Угарте долго се поврзуваше со Челзи, но според Романо, тој веќе се договорил со ПСЖ и својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Светците.

Уругваецот настапува како последен играч за врска, а ќе биде второ засилување за ПСЖ по Асенсио од Реал Мадрид.

Мануел Угарте досега има одиграно осум натпревари за репрезентацијата на Уругвај, а во дресот на Спортинг Лисабон минатата сезона одигра 47 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести