Претседателот на Милан го објасни отказот за Малдини: „Не ни е потребен“

Несогласувањата помеѓу Паоло Малдини и сопствениците на Милан резултираше со отказ за легендарниот фудбалер. Многу од навивачите не се согласуваат со ваквата одлука, но претседателот на клубот ги објаснува причините за ваквиот потег.

„Имавме одлична соработка со Малдини, човек кој е врежан со овој клуб и кој добро работеше. Меѓутоа, ние сакаме да работиме на модерен начин, барем за Италија. Сакаме тимска работа. Имам чувство дека на Паоло не му беше удобно во такви услови. Кога некому му е неудобно, тогаш најдобро е да се разделите. Вистина е дека Малдини имаше влијание на преговооите со играчите. И многу сум му благодарен за тоа. Но морам да кажам и дека повеќе не ни е потребен, се надевам дека не сум неблагодарен со ова што го кажувам“, рече Паоло Скарони, претседателот на Милан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести