Норвежанецот Каспер Руд е вториот финалист на Ролан Гарос откако вечерва во три сета го победи Александер Зверев. Руд работата во полуфиналето ја заврши за 131 минута во кои на Германецот му препушти само седум гема (6:3,6:4,6:0). Руд и минатата година играше во финалето на Ролан Гарос кога загуби од Рафаел Надал во три сета.
https://twitter.com/i/status/1667253865216102400
Руд фириозно го почна мечот и направи брејк уште при првиот сервис на Зверев. Германецот експресно направи ри-брејк, но потоа со катастрофален сервис му овозможи на Руд да ја врати предноста која не ја испушти до крајот за водство до 1-0 во сетови.
Во вториот сет, Руд прво спаси две брејк топки во четвриот гем, за во седмиот да направи брејк кој се покажа доволен за водство од 2-0 во сетови.
Во третиот сет, целосна доминација на Норвежанецот кој на Зверев не му дозволи да освои ниту еден гем.
https://twitter.com/TennisTV/status/1667250824437813251?s=20
Финалето ќе се игра в недела, а Ѓоковиќ и Руд досега се сретнале четири пати и сите четири дуели му припаднале на Ѓоковиќ.
Во женското финале, кое ќе се игра утре од 14 часот, ќе играат првата носителка Ига Швјонтек и Каролина Мухова од Чешка.