Сопствениците на НФЛ тимот Сан Франциско фортинајнерс постигнаа договор за купување на тимот кој сезонава испадна од Премиер лигата, Лидс.
Групацијата „Фортинајнерс ентерпрајс“ кои се сопственици на НФЛ тимот од Сан Франциско, се согласи да го откупи мнозинскиот пакет на акции од досегашниот сопственик, Андреа Радриѕани за околу 213 милиони долари.
Leeds United can confirm an agreement has been reached between Aser Ventures and 49ers Enterprises for the purchase of the club
— Leeds United (@LUFC) June 9, 2023
Поради испаѓањето од Премиер лигата, Радриѕани се согласи наместо за 460 милиони долари, да ги продаде своите акции за 213 милиони долари.
„Фортинајнерс ентерпрајс“ претходно поседуваше 44 отсто од акциите на Лидс, сега ќе има 100 отсто од акциите, пишува „Атлетик“.
„Двете страни продолжуваат да работат на деталите од договорот за продажба. Клубот останува фокусиран на брзо враќање во Премиер лигата“, стои во соопштението на новиот и стариот сопственик.
Сан Франциско фортинајнерс е една од најтрофејните екипи во НФЛ лигата со пет шампионски титули, а последната ја освоија 1994 година.