Се сеќавате ли? Јокиќ двапати гостуваше кај МЗТ Скопје Аеродром и двапати загуби (Видео)

Најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ со титулата ја заокружи блескавата сезона што ја имаше. Неговиот Денвер нагетс за првпат во клупската историја е НБА-шампион, а Јокиќ заслужено е МВП во финалната серија.

Кошаркарот кој постави безброј рекорди и испиша историја во најсилната кошаркарска лига во светот, пред неполни 10 години двапати гостуваше и во Скопје. Тогаш тинејџерот Јокиќ како дел од тимот на Мега Баскет во рамките од АБА-лигата играше против МЗТ Скопје Аеродром.

Македонската кошаркарска публика во Скопје двапати имаше можност да го гледа Јокиќ во дресот на Мега Баскет. Интересно е дека во двата меча на кој Јокиќ гостуваше во Скопје на крајот си заминуваше поразен.

На првиот меч во Скопје, во февруари 2014 година, Јокиќ постигна само четири поени, а МЗТ Скопје Аеродром ја победи Мега со 80:72. На вториот дуел на кој Јокиќ гостуваше во Скопје пред крајот на 2014 година, македонскиот првак победи со 84:79, а српскиот центар даде седум поени.

Токму на овие средби денеска потсетија и од МЗТ Скопје Аеродром и преку хајлајтс видеоинсерти потсетија на гостувањето на Јокиќ во Скопје.

„Од водење битка под кошевите со Станко, Кејд и Дамјан, до шампион и МВП во НБА. Честитки за Никола Јокиќ“, е пораката на видеото на ТикТок-профилот на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром.

@mztskopjeaerodromОд водење битка под кошевите со Станко, Кејд и Дамјан, до шампион и МВП на НБА. Честитки Никола Јокич!!♬ original sound – mztskopjeaerodrom
- Оглас -

Најнови вести