Скалони: Меси заслужи да ужива во Мајами

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, верува дека Лионел Меси ќе ужива во играњето фудбал во САД и дека заслужил да се забавува во Интер од Мајами.

„Среќен сум што Меси одлучи да игра во град во којшто ќе го третираат многу добро. Не е важна лигата или државата, важно е да се чувствува добро во градот и клубот. Ќе ги има сите услови да се забавува, го заслужува тоа“, изјави Скалони во пресрет на утрешниот пријателски меч на Аргентина и Австралија во кинеската престолнина Пекинг.

Меси ќе биде предводник на Гаучосите на контролата против Кенгурите, каде што на трибините се очекуваат 68.000 фанови. Што се однесува до можниот настап на Меси на СП 2026 година, Скалони рече дека е премногу рано да се зборува на таа тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести