Посрамената фудбалска ѕвезда, поранешниот играч на Милан, Реал Мадрид и Манчестер сити, Робињо, живее во „златен кафез“ и не смее да го напушти Бразил бидејќи е осуден на затворска казна поради силување.
Робињо е осуден во Италија, која бара негово испорачување за да ја отслужи деветгодишната затворска казна за силување на 23-годишна Албанка во ноќен клуб во Милано, кој се случило во 2013 година.
Os áudios que comprovam o estupro de Robinho e sua turma para que não restem dúvidas do crime que cometeram. pic.twitter.com/ZARGg0G4yU
— GugaNoblat (@GugaNoblat) June 14, 2023
Робињо го негира обвинението, но сега во италијанските медиуми се појавија аудиоснимки на кои јасно се слуша дека тој признава дека ја силувал девојката. Разговорот помеѓу Робињо и неговите пријатели кои ја силувале девојката се случил во 2014 година.
„Девојката беше пијана, не знае кој сум јас. Дури и да ме повикаат, нема да имам проблеми. Ќе одам и ќе им кажам дека таа приказна трае долго и дека не ја допрев. Само се плашам веста да не дојде до медиумите. Замислете наслов „Пријателите на Робињо силувале девојка во Италија“, зборува Робињо на една од аудиоснимките.
Иако на судскиот процес се бранеше дека нема ништо со силувањето, Робињо во телефонските разговори со пријателите признал дека и тој учествувал, но и дека „избегал“ на време.
„Спиев со неа, имавме орален секс и си заминав. Остатокот од екипата беше таму. Камерата нема да ме сними со остатокот од групата. Кој и да ја силувал, сега е во Бразил. Јас не сум, ти не си и не ни можат ништо“, зборува Бразилецот.
Првостепената пресуда беше потврдена во 2020 година, а минатата година италијанското Министерство за правда издаде меѓународна потерница за Робињо и побара од Бразил да го испорача. Но, според бразилските закони, ниту еден државјанин од оваа земја не може да биде испорачан во друга земја без одлука на Министерството за правда.