Резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, кој беше хоспитализиран во тешка состојба, излегол од кома, соопшти неговата сопруга, новинарката Алба Силва.
На 28 мај Рико се здоби со повреда на главата по паѓање од коњ.
„Малку по малку состојбата се подобрува. Од самиот почеток знаев дека тој ќе преживее затоа што е шампион“, рече Силва, која додаде дека нејзиниот сопруг го препознал семејството и реагирал на нивното присуство кога се разбудил, а уште не можел да зборува.