Селекторот Милевски ѝ се извини на нацијата

Благоја Милевски од вечерва е селекторот под чие водство фудбалската репрезентација на Македонија го претрпела најтешкиот пораз во својата историја, па затоа тој од негово име и од име на играчите се извини до целата нација.

„Сакам да ѝ се извинам на целата нација, во мое лично име и во името на играчите. Јас испраќам повик до играчите, јас одлучувам кој ќе игра, така што сакам да се извинам до целата македонска нација, посебна благодарност до оние коишто допатуваа да нè бодрат тука. Играчите се истите од мечевите со Италија и Португалија, и јас сум истиот. Се случуваат и вакви лоши моменти, мора да преземеме сите одговорност, но јас немам карактер да се откажам веднаш“, изјави Милевски по завршувањето на мечот.

„До првиот гол ги исполнивме тактичките замисли, потоа работата тргна на лошо и противникот ги покажа својата сила и квалитетот“, додаде Милевски.

 

- Оглас -

Најнови вести