Трагикомични се головите со кои БиХ го доживеа еден од најсрамните порази во историјата (Видео)

Селекцијата на Босна и Херцеговина во Зеница го доживеа еден од најсрамните порази во историјата. Босанците загубија со 0:2 од Луксембург во квалификациите за ЕП 2024. Луксембург вечерва не само што за првпат славеше над БиХ, туку и ги постигна првите голови во меѓусебните дуели.

А головите на Боржес Санчес во четвртата и на Синани во 74-тата минута се трагикомични. Боржес Санчес во шеснаесетникот на БиХ му ја украде топката на Баришиќ и без проблеми го совлада голманот Шехиќ.

Луксембург вториот гол исто така го постигна по кардинална грешка на противничките фудбалери. Босанците ја загубија топката на средина на теренот, Бареиро му асистираше на Синани, кој немаше проблем од 30-тина метри да го погоди празниот гол на Баришиќ, кој се обиде да спречи контра.

 

- Оглас -

Најнови вести