Тонали заплакал кога дознал дека го напушта Милан

Сандро Тонали се расплакал кога дознал Милан го продал на Њукасл. Пред два дена, Милан и Њукасл се договорија за трансфер вреден 75 милиони евра, но одлуката не му се допаднала на Тонали.

Тој прво ја одбил понудата на Њукасл, но бил „принуден“ да го напушти Милан, пишува весникот „Ла Република“.

Според „Ла Република“, Тонали очекувал целата кариера да ја помине во Милан. .

Њукасл следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а Тонали се очекува да биде еден од главните играчи на Чавките кои планираат да ја нападнат титулата во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести