Специјална порака од Реал за Белингам на неговиот прв „кралски“ дрес (Фото)

Реал Мадрид веќе го направи првиот голем трансфер за следната сезона, го купи англискиот репрезентативец Џуд Белингам и на првиот Кралски дрес кој го доби фудбалерот имаше специјална порака за него.

Претседателот на Реал, Флорентино Перес, плати 103 милиони евра на Борусија за трансферот, а уште на претставувањето покажа што мисли за Белингам.

Имено, фудбалерот се одлучи да го носи дресот со број пет, кој во минатото го носеше Зинедин Зидан, а на етикетата беше напишано „Направено во Бирмингам“. Со овој потег, Реал му оддаде почит и на фудбалерот, на неговиот град и на неговиот прв клуб.

https://twitter.com/FootballFactly/status/1672886158592983041?s=20

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести