Бањаја во Асен дојде до четвртата победа сезонава во Мото ГП

Актуелниот шампион во Мото ГП класата, Франческо Бањаја триумфира на трката за Големата награда на Холандија која се возеше во Асен. Ова е четврта победа на возачот на Дукати сезонава и 15-та во кариерата, и се зацврсти на лидерската позиција во генералниот пласман со 194 бода, дури 35 повеќе од Хорхе Мартин.

Второто место му припадна на Марко Беѕеки додека Бред Биндер иако го освои третото место, беше казнет со едно место подоле, и поради тоа последната позиција на победничкиот пиедестал му припадна на Алеш Еспаргаро.

Бањаја стартуваше од втората позиција, на првиот свиок беше поминат од Биндер, но во следниот круг изби на првото место и до крајот на трката не го испушти. Биндер потоа беше и поминат и од Беѕеки, а во последните кругови успеа да ги одбие нападите на Алеш Еспаргаро но поради излегување од патеката во последниот круг, беше казнет со едно место подоле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести