Италијанските медиуми денес пренесуваат уште една сензационална вест. Sвездата на ПСЖ и репрезентативец на Италија, Марко Верати, е пред трансфер во Саудиска Арабија и тоа во екипата на Ал-Хилал.
Верати има активен договор со ПСЖ до 2026-тата година, а според Трансфермаркет неговата вредност е 50 милиони евра. Оваа сума нема да биде никаков проблем за Ал-Хилал и доколку 30-годишниот фудбалер се одлучи да продолжи на Арапскиот полуостров, тогаш ќе треба само да ги договори личните услови со Ал-Хилал.