Холандски коментатор го нарече Хрватот Вида грд и го доби на суд

Сирд де Вос, еден од најпознатите холандски фудбалски ТВ-кометатори е ослободен од обвинението за навреда на хрватскиот фудбалер Домагој Вида.

Тој во ноември 2021 година на почетокот од ТВ-преносот на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Бешикташ и Ајакс го навреди Вида нарекувајќи го грд.

„Инаку Вида не смее да игра во овој термин бидејќи е многу грд, а сега и децата гледаат телевизија. Поради тоа Бешикташ мора да плати и да бара посебна дозвола за Вида да игра“, се зборовите на Де Вос поради кои беше тужен од Хрватот кој притоа бараше отштета од 5.000 евра.

Две години подоцна, е завршен судскиот процес, а одлуката е дека коментаторот не е виновен, туку тоа што го изјавил било шега во рамкиte на слободата на говор.

„На гледачите им е јасно дека коментаторот спорната реченица ја кажа со намера да биде смешна. Но, не беше смешна, туку беше непримерна. Но, сепак беше само шега“, стои вo одлуката на судот.

Според хрватските медиуми, навредливите зборови претставувале одмазда на коментаторот. Имено, во 2011 година, Де Вос го коментирал натпреварот меѓу Динамо Загреб, за коjшто играл Вида, и Олимпик Лион, кој завршил со убедливи 7:1 за францускиот тим.

Наводно, при постигнувањето по петтиот гол на Олимпил Лион, Вида му намигнал на Гомис. Токму поради убедливата победа, Олимпик Лион обезбедил пласман во нокаут-фазата во ЛШ, а не Ајакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести