Европскиот шампион Манчестер сити и официјално се вклучи во трката по потписот со играчот на Вест хем, Деклан Рајс.
Чеканите ги одбија двете понуди на Арсенал, од кои последната изнесуваше 75 милиони отштета плус 15 милиони во бонуси, додека Граѓаните доцна синоќа испратија понуда тешка 80 милиони фунти, кои би ги платиле веднаш, и 10 милиони во бонуси.
Менаџерот на Сити, Хосеп Гвардиола, во Рајс ја гледа замената за Илкај Гундоган, кој потпиша за Барселона, но желбата на фудбалерот е да се пресели во Арсенал.