Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, само што пристигна во Фенербахче и веднаш започна да му задава главоболки на раководството на клубот.
Фудбалерот како капитен на репрезентацијата веднаш одби да игра на пријателскиот натпревар против Русија, кој подоцна беше и откажан, а сега не сака ниту со својот клуб да учествува на турнир во Русија.
Фенербахче заедно со Зенит, Нефчи Баку и Црвена ѕвезда на почетокот на јули треба да играат на ПАРИ Премиер Купот во Ст. Петербург.