Мурињо го одби Ал-Ахли, сака да се посвети на Рома

Милионите од Саудиска Арабија не се предизвик за Жозе Мурињо. Трофејниот португалски тренер и официјално ја одби понудата од Ал-Ахли да се пресели во Саудиска Арабија и да заработува по 30 милиони евра годишно.

Неговата цел ќе биде да се посвети на Рома, со која обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Договорот на португалецот и “римската волчица“ истекува следното лето.

Ал-Ахли доби “корпа“ и од вториот избор за тренер, Масимилијано Алегри од Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести