Се подготвува инцидент на Вимблдон, организаторот им порача на тенисерите да не реагираат

Во понеделник започнува најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон, а организаторот стравува од можни протести и инциденти кои би ги предизвикале активистите на движењето „Запрете ја нафтата“ (Just Stop Oil).

Организаторот странува дека радикалните еколошки активисти се подготвуваат да предизвикаат инцидент на главниот терен, и веќе е подготвен план за реакција во такви случаи, пишува весникот „Гардијан“.

Според веснинкот, веќе се засилени мерките за безбедност на терените и надвор од нив, а на тенисерите и тенисерките им е порачано да не реагираат и да не го копираат Џони Барстоув. Баурстов и играч на крикет кој успеа да запре еден активист на „Запрете ја нафтата“ и потоа го изнесе од теренот.

Активистите кои минатиот месец упаднаа на Светското првенство во снукер, сега планираат акција и на Вимблдон и наводно целта им е да се заврзат со лисици на столицата на судијата, на мрежата.

„Слика на нечија рака залепена за нешто на Централниот терен би била одлична идеја. Има многу луѓе кои би направиле такво нешто“, изјви анонимен активист за „Гардијан“.

- Оглас -

Најнови вести