Патрик Виеира е нов тренер на Џенова, а една од работите кои со интерес се чекаат е да се види како Французинот ќе соработува со напаѓачот Марио Балотели бидејќи се скарани.
Легендата на Арсенал и на францускиот фудбал,играше заедно со 14 години помладиот Балотели во Интер и Манчестер сити, а му беше тренер во Ница. Токму таму се скараа некогашните соиграчи.
„Марио не е човек за тимски спортови“, критикуваше Виеира во 2020 година. Италијанецот одговори: „Да не беше Виеира, никогаш немаше да си заминам од Ница“.
Претседателот на Џенова, Алберто Ѕангрило, убеден е дека може да ги помири напаѓачот и новиот тренер.
„Марио е паметна личност, исто како и нашиот нов тренер. Ќе се прегрнат пред моите очи и сигурен сум дека добро ќе работат“, рече претседателот.