Само еден ден откако му заврши договорот со Јунајтед, Арапите тргнаа во офанзива по потписот на Де Хеа

Давид Де Хеа од вчера и официјално е слободен агент, откако му заврши договорот со Манчестер Јунајтед и после 12 години си замина од “Олд Трафорд“.

Тоа беше сигнал за клубовите од Саудиска Арабија веднаш да тргнат во офанзива по неговиот потпис. Прв со понуда се јави Ал-Наср, кој на шпанскиот голман му понуди неделна плата од 300.000 евра.

Сепак, тешко дека Де Хеа ќе ја прифати оваа понуда, бидејќи во Манчестер Јунајтед заработуваше 440.000 евра неделно и сигурно за да прифати трансфер во Саудиска Арабија ќе бара поголема сума од онаа која ја имаше на “Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести