Иранскиот Меси ќе игра за Зенит Санкт Петербург во следните три и пол години, а се работи за Сардар Азмун, 24-годишен напаѓач.
Тој се пресели од Рубин Казањ во Зенит за сума од 12 милиони евра, а теренот му е познат, бидејќи од 2013 година настапува во руската лига.
Азмун е еден од најталентираните фудбалери што доаѓаат од Иран, одигра одличен турнир на Азискиот куп и со 4 погодоци е втор стрелец. Иран стаса до полуфиналето и добрите игри само му ја качија цената на одличниот 24-годишен офанзивец.
Интерес за анагжман на Азмун имаше и од премиерлигашот Вулверхемптон, но во предвидениот рок до трансфер не дојде, па Зенит успеа да го купи иранскиот репрезентативец.