Иран конечно укина традиција долга повеќе од 40 години, жените ќе можат да одат на фудбалски натпревари

Жените во Иран во новата сезона ќе можат да присуствуваат на трибините на натпреварите на машкиот шампионат, изјави претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ.

„Една од главните карактеристики оваа сезона ќе биде тоа што жените ќе можат да влезат на стадионите и да ги гледаат мечевите во машкиот шампионат“, изјави Таџ.
Новата сезона во иранскиот шампионат ќе започне идниот месец.

Во Иран повеќе од 40 години не им беше дозволено на жените да присуствуваат на стадионите кога играат мажи. Ајатолахот во 1979 година донесе забрана жени да присуствуваат на стадионите бидејќи не било соодведно да ги гледале мажите во шорцеви.

Иранските власти во последните неколку години попуштија под притисокот на Светската фудбалска федерација која им се закани со суспензија од сите меѓународни натпреварувања и на жените во Иран само во специјални моменти им беше дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревари.

Околу 4.000 Иранки во октомври 2019 година го следеа мечот од квалификациите за СП 2022 против Камбоџа, кој се играше во Техеран и тоа беше првпат по револуцијата од 1979 година да присуствуваат жени на фудбалски натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести