Стивен Џерард не може да се разбере со играчите од новиот клуб (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер Стивен Џерард се одлучи тренерската кариера да ја развива во Саудиска Арабија. Џерард се согласи да биде тренер на Ал Етифак, па веќе ги започна подготовките за новата сезона.

Подготовките на Ал Етифак се во Хрватска, а англискиот стратег има полни раце работа. Тој се обидува на играчите да им ги покаже основните движења и акции, но фудбалерите делуваа збунето. Очигледно дека тие едноставно не се навикнати на ваков вид тренинзи, па затоа делуваа комично и изгубено на тренингот.

https://twitter.com/i/status/1679488506811518978

Џерард како тренер беше предводник на Ренџерс и на Астон вила, а сега прв пат работи со клуб надвор од Европа. Ал Етифак во минатата сезона заврши на седмото место во првенството на Саудиска Арабија, а најголемите успеси овој клуб ги имаше кога беше првак во 1983 и 1987 година.

 

- Оглас -

Најнови вести