Сопственикот на Далас маверикс, Марк Кјубан, е убеден дека најголемите ѕвезди во тимот, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, ќе имаат одлична соработка следната сезона.
Ирвинг во февруари пристигна во Далас од Бруклин нетс, но не успеа да му помогне на тимот од Тексас, да обезбеди пласман во плејофот.
По завршување на сезоната, Кјубан одлучи да потпише нов тригодишен договор со Ирвинг вреден 126 милиони евра и верува дека двете ѕвезди ќе соработуваат одлично на терените.
„Мислам дека Кајри созреа и знае дека ова е тим на Лука Дончиќ. Исто така, Лука знае дека ова е негов тим. Ирвинг е подготвен да биде бек шутер. А кога Лука нема да биде на теренот, ќе имаме плејмејкер кој може да постигнува поени и да асистира. И двајцата ги прават соиграчите подобри, а такво нешто не сме имале досега“, изјави Кјубан.