Екипата на Еуро Никел, која е трикратен шампион на Македонија, го откажа учеството во Првата кошаркарска лига и во сите други младински натпреварувања и притоа ги ослободи од обврските кошаркарите, тренерите од обврските.
Одлуката за повлекување од Првата лига е донесена откако компанијата Еуро Никел се повлече од спонзорирањето на клубот, а згора на тоа тимот има забрана од ФИБА за трансфери.
„МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци го откажува учеството во сите натпреварувања и категории во организација на КФСМ и сите членови на клубот, стручниот штаб и играчите во сите категории се ослободени од договорните услови со клубот да се приклучат во останатите клубови“, стои во соопштението на Еуро Никел.
Еуро Никел освои три титули во мак-баскетот, во 2008, 2009 и 2011 година, а притоа има и два трофеи во Купот на Македонија (2008 и 2010).
Кавадаречкиот клуб во минатото настапуваше и под имињата Орка Спорт, Тиквеш и Фени индустри.