Екипата на Жалгирис која минатата седмица ја елиминира Струга од квалификациите за Лигата на шампионите, попладнево одигра одлични 2-2 против турскиот гигант Галатасарај на домашен терен.
Нигериецот Матијас Ојевуси во 48-мата минута истрча школски контра напад и донесе голема радост за домашните и водство од 1-0.
Галатасарај ја оправда фаворитската улога и во 75-тата минута преку Абдулкерим Бардакчи најпрво израмни на 1-1, а само три минути подоцна преку Халил Девишоглу дојде и до водство од 2-1.
Сепак, тоа не беше доволно за победа на Галатасарај, бидејќи Донатас Казлаускас во 92-рата минута успеа да го израмни резултатот и да ги постави конечните 2-2 на овој натпревар.
На вториот попладневен натпревар, екипата на ХЈК Хелсинки забележа минимална победа од 1-0 над норвешкиот претставник Молде, а македонскиот голман Дени Илиев не доби шанса за настап на овој дуел.