Ватерполо репрезентацијата на Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство кое се одржува во Фукуока, откако со 9:6 ја совлада Србија во мечот за третото место.
Со поразот од Шпанија, ватерполистите на Србија го продолжија постот без медал од Светските првенства на шест години.
Идентично како и во полуфиналната пресметка со Грција и во мечот со Шпанија, потфрли нападот на српската репрезентација, реализацијата беше очајна и на крајот остана без медал.
По првите две четвртини, Шпанија имаше еден гол предност (6:5), а одлучувачката предност ја направи во третата четвртина која ја доби со 2:0.
Алваро Гранадос со три гола беше најпрецизен кај селекцијата на Шпанија, а на спротивната страна, Страхиња Рашовиќ исто така постигна три гола.