Инфантино се сретна со првиот трансродов фудбалер кој успеа да забележи настап за репрезентацијата (Видео)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е во официјална посети на Американска Самоа, а таму имаше интересна средба. Специјален гостин на Инфантино беше Џаја Саелуа, првиот трансродов фудбалер кој забележал настап за некоја репрезентација.

35-годишниот Саелуа за репрезентацијата на Американска Самоа дебитираше во 2004-тата година, а веќе има собрано 15 настапи. Тој настапува во дефанзивата, а за себе вели: “Господин преку ден, дама навечер“.

Џани Инфантино по повод средбата на социјалните мрежи напиша:

– “Земете воздух, опуштете се, живејте и оставете ги другите да живеат. Фудбалот го обединува светот и обединува се на светот, без било каква дискриминација. Фудбалот е инклузивен, толерантен и универзален.“

- Оглас -

Најнови вести