Манчестер јунајтед и „Адидас“ го потпишаа најголемиот договор во Премиер лигата

Манчестер јунајтед ја продолжи соработката со германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ потпишувајќи го најголемиот спонзорски договор во Премиер лигата.

Црвените ѓаволи и „Адидас“ ќе соработуваат и во следните десет години, а премиерлигашот за тој период ќе заработи дури 900 милиони фунти.

„Односот меѓу Манчестер јунајтед и „Адидас“ е еден од најспектакуларните во спортот и е создаден со заедничка посветеност, стил, дух, што е најважно – со високи перформанси“, изјави спортскиот директор на Манчестер јунајтед, Ричард Арнолд.

Соработката меѓу Црвените ѓаволи и „Адидас“ започна пред стартот на сезоната 2015/16, кога потпишаа договор вреден 750 милиони фунти. Јунајтед претходно 14 години соработуваше со „Најки“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести