Тренерот на Фламенго доби отказ затоа што удирал бразилски репрезентативец по глава

Кондициониот тренер на бразилскиот тим Фламенго, Пабло Фернандес, доби отказ од клубот поради напад на еден фудбалер. Голгетерот Педро се пожали и јавно дека бил нападнат од тренерот Пабло и неколку пати бил удрен со рака во глава.

Педро, кој беше дел од репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во Катар минатата година, се пожали дека инцидентот се случил по победата на Фламенго против Атлетико Минеиро со 2:1.

Овој тренер и во минатото имал проблеми со однесувањето. Во август 2021 година беше суспендиран од француската Лига 1 откако за време на инцидентот на дуелот Олимпик Марсеј – Ница удрил еден навивач.

Пабло Фернандес од 2019 година е помошник-тренер на Хорхе Сампаоли, кој проба целата ситуација да биде решена со разговор, но наместо тоа, неговиот соработник доби отказ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести