ПСЖ продолжува со разочарувањата во Јапонија: Водеше против Интер, на крајот загуби

Францускиот првак Пари Сен Жермен продолжува со слабите игри на подготвителните мечеви на турнејата во Јапонија откако загуби од Интер со 1:2. ПСЖ водеше со 1:0 благодарение на голот на Витиња во 63-тата минута, но на крајот загуби.

Интер имаше фуриозен финиш и со головите на Еспозито во 81-вата и на Сенси две минути подоцна стигна до пресврт и победа од 2:1.

За ПСЖ ова беше трет контролен меч во Јапонија и го претрпе вториот пораз, а има и едно реми без ниту една победа.

- Оглас -

Најнови вести