Дури 70 отсто од продадените дресови на ПСЖ летово се на еден играч, а не е Мбапе

Пари Сен Жермен кога летово го ангажираше Кореецот Ли Канг-ин од Мајорка, во клубот веројатно мислеа и на маркетингот, а се покажува дека трансферот им е полн погодок, барем во делот на продажба на дресови.

Минатата недела ПСЖ отвори продавница во Сеул, а фановите во долги колони чекаа ред за да купат дрес од Ли. Дури 70 проценти од дресовите на ПСЖ кои се продадени таму, биле со 19-ката на Ли. Но, не само во главниот град на Јужна Кореја, и во новата продавница на Светците во центарот на Париз, надминати се сите очекувања и дресовите на Ли се продаваат „како алва“.

Азиските фанови кои во голем број го посетуваат Париз во летниот период, сакаат да имаат дрес од Ли, кој е прв играч од Азија кој потпишал за ПСЖ. Поради повреда,тој не играше денеска во поразот на ПСЖ против Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести