Кошаркарските репрезентации на Србија и Босна и Херцеговина синоќа одиграа контролен натпревар во Белград. И до тука нема ништо невообичаено.
Натпреварот се одиграл во најстрога тајност, не се објавува резултатот, нема список на играчи кои настапиле ниту стрелци, а играчите биле натерани да се заколнат дека нема да откријат што се случувало за време на натпреварот.
Натпреварот се одигра во рамки на подготовките на двете репрезентации за она што ги очекува летово. Србија ќе настапи на Светското првенство во група со Кина, Порторико и Јужен Судан, додека Босна и Хецеговина ќе учествува на олимпискиот претквалификациски турнир во Полска и е можен противник на Македонија, доколку нашите кошаркари ја минат групата во Естонија.